
Главни јунаци во првиот борбен ред, во справувањето со Ковид пандемијата, покрај здравствените работници се и вработените во Територијалната противпожарна единица Штип. Заради тоа со обезбедување средства од Буџетот на Општина Штип, храбрите момци од ПТТЕ Штип, добиваат нова заштитна опрема, а наредната година се очекува и ново противпожарно возило.
„Оваа територијална противпожарна единица овие десетина месеци зема активно учество со справувањето со кризата со Ковид – 19. Обезбедивме целосна опрема, нови униформи, заштитни чизми и заштитни ракавици со што ќе можат поедноставно и сигурно да ја извршуваат секојдневната работа“ – истакана градоначалникот Николов.
Инвестицијата во органите, односно во Против пожарната територијална единица Штип, се гарантира и безбедноста на сите граѓани. Благодарност упатија и од Територијалната противпожарна единица.
Против пожарната територијална единица Штип, располага со неколку постари возила и две таканаречени први возила со понов датум. Исто така се очекува комплет нова униформа специјално за гасење шумски пожари. Оваа година поголеми пожари немаше, но затоа беше зголемен бројот на сообраќајни незгоди, па противпожарната единица поголемиот дел од своите активности ги посвети на други интервенции. Во очи на Новогодишните и Божиќни празници со апел да се остане дома и да се празнува одговорно.
Лаура Стојанова М-Нет