Секојдневно растат нови депонии во Штип и околината.Совесноста на граѓаните речиси и ја нема

Покрај неколкуте познати депонии во Општина Штип, и околните места кои се наменети за фрлање на различен отпад, градежен материјал или шут, секојдневно растат и нови депонии кои се создаваат од несовесноста од граѓаните. Таков е и примерот кај местото „Суитлак“ во Општина Штип, каде што и покрај поставеноста на контејнери луѓето ѓубрето го фрлаат покрај патот, оставаат исто така и габаритен отпад чии место дефинитивно не е овде. Може ли да се исчисти толку колку што граѓаните може да направат нов неред? Неодговорноста на граѓаните до степен да се создаваат депонии на места кои се за одмор и релаксација, па и живот руши рекорди. Колку често се чистат овие контејнери, и каков отпад се собира од истите побаравме одговор и од надлежните, односно од ЈП „Исар“.
„Како и сите реони и „Суитлак“ според програмата се чисти еднаш неделно, додека некој пат по потреба се случува и двапати неделно, но исто така се случува освен отпад во контејнерите да има и габаритен отпад, кревети, душеци итн., и бидејќи тоа не може да се собира во камионите се праќа секоја сабота трактор кој што го собира габаритниот отпад“ – кажа Тасев.
Габаритниот отпад треба да се фрла во посебна депонија која ја има Општина Штип, во населба горна „Железничка“ покрај патот и се стигнува до таа градска депонија каде слободно може да се фрла габаритен отпад. Исто така се најавува поголема контрола со слики до комуналните инспектори, со поригорозни мерки со цел спречување на создавање на вакви грди слики.

Лаура Стојанова М-Нет