Нов топлотен бран во Македонија, температури и до 40 степени

Жештината се враќа, од денес температури и до 40 степени. Метеоролозите најавуваат повторно виоски температури во текот на оваа седмицата. Иако минималната температура во текот на вечерните и ноќни часови се очекува да опага до 20 степени, сепак дневните во Штип и штипско ќе бележат значителен пораст до 39 степени, додаваат синоптичарите за нашата телевизија. Слично ќе биде времето насекаде во истокот.

,,Во текот на оваа седмица на подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топла воздушна маса, која што ке предизвика температури да бидат во проаст на минатата седмица. И во Штип и во регионот ќе биде сончево и топло со температури кои што насекаде ќе бидат над 30 степени, поточно во Штип дневната до 39 степени. И во текот на утрешниот ден се очекува сончево и топло со слаб до умерен ветер. Минималната температуро до 20, а дневната до 38 степени. Без поголеми промени во источнниот регион, максиманлната насекаде над 30, а во Штип до 39 степени во деновите по тоа.“, рече Аврамовска

Ваквото време се очекува да се задржи до крајот на седмицата додаде Авромовска. Потенцираше дека од следната недела ќе има благ пад на температурите. Дожд нема да има.

Инаку, квалитетот на воздухот изнесува 27 ниво просечно, што значи дека квалитетот на воздухот е генерално прифатлив за повеќето лица. Меѓутоа, чувствителните групи може да имаат мали или умерени симптоми како последица на долгорочната изложеност. Лекарите и понатаму предупредуваат, особено хронично болниоте лица да не бидат изложени дирекно на сонце и да ги почитуваат препораките.

Иван Митев, М-Нет