Нов снежен бран и температури до -10 степени го очекува истокот оваа седмица

Нов снежен бран и температури до -10 степени го очекува истокот од денес, а истиот ќе се задржи до крајот на седмицата. Синоптичарот Ленче Ризова, за М-нет вели дека врнежите од снег ќе бидат стапени денес и заклучно утре, а температурите до крајот на седмицата ќе бидат исклучително ниски. Таа рече дека во некој делови на истокот, температурите ќе достигнат и до – 10 степени.

“И денеска ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од снегх, кои што ќе продолжат и во подпладневните часов, меѓутоа од централнте делови на земјава тие ќе бидат со нешто по слаб интезитет за разлика од останатите места. И утре ќе имаме променливо облачно време со повремен снег со послаб интезитет, особено во подпладневните часови, значи студено време со повремени врнежи од снег, особено попладне и тоа важи за источните делови во земјава, додека од среда ќе има намалување на облачноста. Студено ќе се задржи и понатаму, ќе дува умрене дозасилен ветер од северен правец, а тоа разведрување кое што ќе настане од среда ќе допринесе и утринските темпертурие да бидат доста ниски. Во Штип очекуваме температурите ќе се спуштат и до -8 степени, додека во крајниот исток ќе се пуштат и под -10 степени.“, вели Рисова

Од следната седмина не очекува потопло време, вели Ризова, така што врнежите веќе ќе престануваат, а температурите истовремено ќе се зголемуваат.

Инаку, температурите во Штип и штипско во следните неколку дена ќе се движат во интервал од -8 до 7 степени, а на повисоките места температурата ќе се спушти повеќе од оваа температура.

Иван Митев, М-Нет