
Од денеска пациентите од Истокот нема да минуваат дополнители киломерти или да посетуваат приватни лекари доколку имаат проблеми со чите. Набавен е нов ОЦТ апарат со кој се подобруваат условите за пациентите во КБ Штип. Апаратот е набавен со сопствени средства од болницата.
„Денес сме на одделот за очни болести и за потребите на овој оддел набавивме апарат таканаречен ОЦТ. Тоа е апарат кој се користи за потребите на очниот оддел. До сега го немавме. Го набавивмесо сопствени средства, чини од прилика 42 илјади евра или 2.600.000 денари“ – вели Ѓеорѓијев.
Станува збор за апарт кој ќе препознава и лечи болести на ретината предизвикани од дијабетес, старечка макуларна дегенерација, сите промени на васкуларните крвни садови, промени од типот на отокна самата ретина и секое воспаление или промена на очното дно.
„Новиот апарат ОЦТ преставува високи специфична дијагностичка метода која ни дава увид во состојбата на самата ретина или мерење на нејзината дебелина со помош на анализа на топографски снимки во три димензии. Испитувањето е доста кратко.“ – вели Мишев.
Апаратот е од големо значење оти Одделот за очни болести при КБ Штип е лидер за пациентите од Истокот од државата.
Лаура Стојанова М-Нет