
Жителите од Пехчево и Берово утинава го почуствувaа земјотресот со 3,1 степен по Рихтер. Земјотресот се случил во 8 часот и 46 мијути со епицентар кој припаѓа на епицентралното подрачје Делчево и Берово.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,утрово, 26.07.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 123 km југоисточно од Скопје. Земјотресот се случи во 08 часот и 46 минути со Рихтерова локална 3.1 Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.“ – велат од сеизмолошката мрежа
Инаку во текот на вчерашниот се регистриани два земјотреси со епицентар кој припаѓа на епицентралното подрачје Делчево и Берово. Првиот земјотрес се случил во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова 3.6 степени, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова 2.9 степени.
Лаура Стојанова, М-Нет