Нов закон за образование на возрасни донесе МОН со цел развиток на вработливиот кадар

Нов закон за образование на возрасни донесе Министерството за образование и наука со цел развиток на вработливиот кадар. Во истиот има два нови инструменти, едниот валидација на програми, другиот акредитација на институции со кои министерската Јаневска вели дека значајно ќе се придонесе значајно подобрување на целовкупниот образовен систем.

,,Донесовме нов закон за образование на возрасни во кој имаме два нови инструменти. Едниот е валидација на програми, другиот акредитација на институции, кои исто така треба значајно да придонесе во развитокот на вработливиот кадар. Очекувам значајни подобрувања во целовкупниот образовен систем.“, вели Јаневска

Тоа би значело по кратки или подолги обуки, дообука, реобука, вели Јаневска за тие невработени маргинализирани и социјални групи луѓе , да можат по бргу да се вклучат на пазарот на труд , преку програмите кои што ќе бидат изготвени, додава таа.

Инаку за целово ова центарот има процедура по која постапува. Има конкурси на кои што заинтересираните можат да се распрашаат. Досега има 25 проценти, а министерството се надева дека бројката ќе порасне, затоа што е бројката е потребена.

Иван Митев, М-Нет