Нов Дом на култура во село Видовиште

Градоначалникот на Општина Зрновци, Блаже Станков на фејсбук го означи крајот на реконструкцијата на Домот на културата во село Видовиште, едно од трите села во најмалата, но и најубавата општина на истокот:

-„Заврши реконструкцијата на Домот на културата во село Видовиште, Општина Зрновци. Над 1000м2 корисна пивршина и со потенцијал за повеќе намени. Убавата местоположба на Видовиште, прекрасната чиста животна средина, падините на планината Плачковица погодни за прошетки и рекреација, убавиот и питом народ во Видовиште, веќе привлече интерес за отварање на Дом за стари лица. “Се ќе биде добро”.
Видовиште има трпение, безброј срца чукаат за родниот крај, чукаат за прегратка со најблиските. Видовиште повторно ќе биде полно, во чест и слава на Заштитниците, Св. Петка, Св. Спас и Св. Климент. Поздрав до сите Видовиштани, каде и да сте.“