Прв случај на заболен од коронавирус во Пробиштип

Од денес и Пробиштип е на листата на градови каде има заразени од коронавирусот. Кај едно лице е потврден ковид-19. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов појаснува:

-„Минатиот месец информиравме за лице кое беше дојдено од Скопје, на кое откако му беше потврдено дека е позитивно на вирусот, лицата со кои имаше воспоставено контакти беа во самоизолација изминатиот период. За жал, едно од тие лица е позитивно на корона вирусот. Истото лице ќе остане на домашно лекување бидејќи се чувствува добро“, вели Анастасов.
Бројот на лица кај кои е потврден коронавирусот до денес изнесува 663, најмногу заболени има во Скопје и Куманово. Најмладиот пациент во државата е четиримесечно бебе од Кочани.