
Ниту еден од обвинетите за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани не се чувствува виновен. Многумина од 35 те обвинети изразија длабоку сочуство, но истакнаа дека не чувствуваат вина за пожарот во кој починаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Првоосомничениот Дејан Јованов, сопственикот на дискотеката Пулс со солзи во очите се обрати пред присутните во судницата во Идризово истакнувајќи дека се грижел за безбедноста во самата дискотека.
„Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида, секојдневно ја преживував таа тешка ноќ, не можам да поверувам што се случи.“ – вели Јованов.
Судењето за пожарот во дискотеката Пулс продолжува и понатаму, денеска со воведни говори на одбраната. Родителите на починатите бараат правично судење со цел вистината да биде задоволена и да има одговорност за пропустите кои придоненеле за трагедијата на кобниот 16 март годинава.
Инаку, претходно рочиште беше одложено бидејќи обвинетите немаа добиено интегрирано обвинение и не можеа да се произнесат дали се чувствуваат за виновни или не.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет