Никола Нацев ќе настапи на Балканското Кик – бокс првенство што ќе се одржи во Скопје

Главниот град на Македонија Скопје ќе биде домакин и организатор на Балканското првенство во Кик – бокс што ќе се одвива во периодот од 3 до 5 септември оваа година. Тренерот Шенол Асанов верува во својот борец, напорно се подготвува и е потполно спремен за овие балкански искушенија од кои очекува постигнување на добар резултат и одличен пласман. За таа цел Никола Нацев својата форма ќе ја темпира на подготовки на Власинското езеро во Република Србија заедно со преостанатите кик – боксери на Македонија и секако репрезентативците на Србија. Подготовките во Србија ќе се одвиваат во периодот од 22 до 31 август по што македонската кик – бокс селекција ќе се врати во Македонија. Ова ќе биде уште една убава можност Никола Нацев да го искаже сиот свој раскошен талент и со нов трофеј да ги израдува се поголемиот број на љубители на оваа симпатична борилачка вештина.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk