
Штипјанецот Никола Караколев ја продолжува низата на одлични кошаркари од градот под Исарот кој својот раскошен талент го покажува играјќи ширум двораните во Македонија. Неговиот тим Еуро Никел од Кавадарци успешно го трасираше патот кон првенствената завршница во која четири екипи ќе се борат за шампионскиот пехар. Никола Караколев постигна 14 кошеви за Еуро Никел на средбата со Гостивар и имаше значаен допринос во оваа втора победа изразена со резултат 74:68 и пласман во толку посакуваното полуфинале. Идентични 14 кошеви постигна неговиот соиграч Дарко Соколов а најпрецизен со 18 кошеви беше Данило Мијатовиќ.

Кај Гостивар најефикасни беа Костовски со 15 и Николиќ кој постигна 14 кошеви. Во полуфиналето тимот на Никола Караколев, Еуро Никел силите ќе ги одмери со екипата на Работнички која беше поуспешна во четвртфиналните средби со тимот на ТФТ. Во останатите две средби Пелистер беше поуспешен од Академија ФМП а Куманово и МЗТ ќе одиграат „мајсторка“.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk