
Исклучитално пријатни и вредни вести ни пристигнаа од Бугарија каде што се одржува Меморијалниот меѓународен турнир „Ангел Гочев“ Според информациите од членот на раководството на боречкиот клуб Олимпија од Штип Марјан Атанасов на овој респектабилен турнир настапија околу 200 борачи од 18 клубови а меѓу нив беа и 5 млади штипски борачи. Малата, но одбрана дружина предводена од тренерите Гордан Николов и Кире Нисев успеа да го афирмира клубот Олимпија, самиот град Штип и Република Македонија освојувајќи две први места а со тоа и златни медалји. Леон Стојанов во својата категорија покрај златниот медал го освои и пехарот како најдобар техничар на турнирот. Со прво место и златен медал се закити и Андреа Нисева која по пауза поради пандемијата го продолжува златниот пат кој беше трасиран пред нешто повеќе од една година. Александар Миланов беше петти во својата категорија а на турнирот настапија уште и Филип Тодоров и Петар Донев што преставува успех и за нив учеството на ваков респектабилен турнир.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk