
Нерешен спор за имот предизвика конфликт помеѓу роднини во селото Крупиште. Денеска беше иселен претходен сопственик на куќа во селото од новите сопственици на овој имот. Еден од роднините за М-Нет телевизија вели дека не бил разрешен спорот за куќата и утринава забележале како предметите ги изнесуваат надвор од имотот.
„ Меѓутоа сум информиран од братучедка ми дека не било разрешено се уште со куќата и сега дали е присилно немам информации, меѓутоа не известија дека работите се надвор и точно ние поминавме видовме дека работите се изнесуваат„
Тие имаат реагирано до институциите за овој проблем со што очекуваат да се реши проблемот. Велат дека додека не дојде полицијата мораат да бидат надвор од имотот бидејќи стравуваат за својата безбедност.
„Адвокат е информиран разговарано е со неа и рече дека било повикано полиција, ја чекаме полицијата да дојде на лице место. Другите луѓе што се на другиот дел на куќата самоволно дојдоа и работите ги носат од куќата, фактички тоа е братучед на зет ми исто така ние не смееме да одиме до куќата заради нашата сигурност затоа што чекаме полиција, значи ќекаме полиција па после да одиме до куќата“
Другата страна не сакаше да зборува пред нашата камера, меѓутоа ни покажа документ со кој тие имаат право на сопственост на куќата и иселувањето е легално. Согласно со случајот известени се и јавните институции каде оттаму се очекува разрешување на проблемот.
Лаура Стојанова, М-Нет