
Осмата рунда на Првата лига носи интересни дерби пресметки каде трите бодови ќе бидат повеќе од императив.
Рундата се отвара со два меча во сабота. Арсими ќе сака домашен триумф против „фенерџијата“ Шкупи, формата и домашниот терен е голема предност за Арсими дополнително со поддршка од трибините. Шкупи е целосно разнишан и ќе мора веќе да победува ако сака да сериозна трка за директен опстанок.
Тиквеш на домашен терен ќе го пречека тимот на Македонија ЃП, ова ќе биде битка во која домашниот тим ќе го бара своето второ славје, во однос на „лавовите“ од Ѓорче кои сакаат четврта победа, а трета во низа и со тоа да се пробиваат кон горниот дел од табелата. За Тиквеш трите бодови ќе значат и прогрес од неколку позиции на табелата, во зависност од останатите резултати.
В недела два меча ќе бидат на програмата. Работнички ќе бара излез од резултатската криза против Брера Струмица. „Романтичарите“ се многу далеку од тоа што го играа минатата сезона кога водеа битка за титула и излез во Европа, а сега дури во осмиот меч ќе бараат втор триумф. Струмичани со победата над Арсими на домашен терен и трите бодови за вкупно осум на своето конто се осоколени и ќе сакаат нов триумф со кој значително ќе се зацврстат во средината од табелата.
Силекс со два порази во низа го очекува многу тешко гостување во Тетово кај шампионот Шкендија. Ова ќе биде дерби на две екипи кои сакаат титула, Шкендија ја брани титулата, а пак Силекс сака од Тетово да ја донесе во Кратово.
Трет пораз во низа повеќе од јасно дека не е опција, а тоа ќе биде предизвик можеби и мал притисок Силекс да одигра одличен меч и да го порази за прват шампионот на негов терен, а пак Шкендија која игра фантастична сезона ќе се обиде да го искористи тој мал кризен момент кај противникот.
Во понеделник ќе следуваат две дерби пресметки. Во Куманово атмосферата веќе зоврива и се очекува стадионот да биде исполнет до последното место, што ќе биде претесен да ги собере сите, гостува непоразениот Вардар кај расположениот Башкими.
Повратникот во елитата Со двете победи во низа има 13 бодови и се наоѓа на петтата позиција и сериозно напаѓа за местата кои водат кон Европа и сигурно е дека ќе биде мотив повеќе на домашен терен да се совлада по прват сезонава Вардар, кој пак доаѓа во една одлична победничка форма.
Момците на Гоце Седлоски ќе биде исправени пред еден сериозен испит, за нив ова ќе биде тешко гостување, а трите бодови се огромен императив и влог во сезоната.
Пелистер во голема резултатска криза со четири порази во низа и така ќе гостува кај поранешниот шампион Струга Трим Лум. Стружани се фаворити, а Пелистер ќе мора да изнајде начин како до позитивен резултат, како до бодови и до победа, бидејќи петти пораз во низа ќе биде јасен сигнал дека не одат работите според посакуваното на почетокот од сезоната.
Александар Ванев, М-Нет