Нема невакцинирани дечиња во штипските градинки, сите се со уреден вакцинален статус

Нема невакционирани дечиња во детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип. Сите деца кои одат во градинка мора да бидат со уреден вакцинален статус, и ова како пракса се почитува и пред појавата на заразата со голема калишца во град Скопје, вели директорката Ивана Ангеличкова. Додава дека родителите уште кога ги запишуваат своите дечиња во градинка се заопзнаат со условите, а еден од нив е уредниот вакцинален статус.

„Во нашата градинка уште при приемот на дечињата ги запознаваме родителите со усовите кои треба да бидат исполнети. Еден од условите е детето да поседува потрвда за уреден вакцинален статус и во нашата установа скоро сите дечиња уште на почетокот се примаат со уреден вакционале статус.“ – вели Ангеличкова.

Токму затоа бројот на отсутни деца во моментот не е голем, а отсутните се најчесто настинати што е честа слика зимскиот период. Во оваа детска градинка нема отстрането дете бидејќи не е вакцинирано.

„Моментално нема отстрането дечиња кои претходно пред појавата на епидемијата во град Скопје се примени без вакцини. Во моментот немаме драстично намален број на дечиња од причина за некои заразни болести. Тоа се некои мали настинки, нешто што тековно зимскиот период се случува.“ – додава Ангеличкова.

Речиси иста е ситуацијата и во детската градинка Астибо. Заразата со голема кашлица не покоси овде, оти децата претходно биле веќе вакцинирани. Директорот Иле Митрев во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека имало едвај два до три случаи на деца кои требало да се ревакцинираат и тоа е завршено.

Лаура Стојанова М-Нет