СДСМ со прес конференција по кривичната пријава на СВР Штип против 26 лица

По кривичната пријава вчера, денеска на прес конференција излегоа од ОО на СДСМ Штип. Од таму посочуваат дека осомничените се најблиските соработници на Јорданов и истакна членови на ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат додека истражните органи работат на случајот, Јорданов треба да одговори на низа прашања.

„Штипската јавност веќе подолго време е добро информирана за оваа бесрамна малверзација, за инволвираните во неа и за главниот нарачател. Затоа се залудни вчерашните обиди на Тошковски да го испере Иван Јорданов со изјава дадена доцна во ноќта. Дали Иван Јорданов се обидува така лесно да ги „пушти низ вода” извршителите на неговите наредби и да ја спаси сопствената кожа?

Првите луѓе околу Јорданов се до гуша заглавени во криминали.
Каде и да се заврти, Иван Јорданов е во центар на криминалот.
Нема да му успее да глуми светец. Етикетата „криминалец” самиот си ја залепи.“ – велат од СДСМ.

Градоначалникот Јорданов во писмено соопштение потенцираше дека јавноста треба да знае оти пријавата е иницирана од негова страна, а се работи за период пред тој да седне во градоначалничка фотелја.

Штом СДСМ во јавноста шири паушални констатации и не ја почитува презумпцијата за невиност, потребно е јавноста да биде запозната и со следново: Јас како Градоначалник ја иницирав пријавата и случајот во полиција. Зошто тоа претходно никој не го направил, имајки во предвид дека се работи и за период пред јас да станам Градоначалник. Единствен функционер кој е опфатен со кривичната пријава е поранешниот Секретар на Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, а во моментов негова лична советничка. И ако истражуваме кој и дали ја оштетил општината, тогаш најзасегната е функционерката на СДСМ, која имала најголеми ингеренции во донесувањето на одлуки при вршење на предметните дејства. Најдобро е СДСМ да си погледне во своите редови, затоа што показалецот на кривичната пријава е насочен директно кон нив. “ стои во соопштението на Јорданов.

Лаура Стојанова М-Нет