Нема банка, пошта и лекар во Облешево, младите се надвор од селото и државата

Немаме банка, пошта и лекар. Жителите на село Облешево за најосновни потреби се принудени постојано да патуваат до Кочани и со загриженост за стиауција, велат дека нивните примања се мали, а еден правец доколку патуваат сами е над 200 денари. Ваквата ситуација ги затревожува, а младите се надвор од селото, истакнаа тие.

„Имаше банка, ама ја растурија, поштата и таа исто. Потребно ни е доктор, а ние и другите од селата одиме во Кочајни. Амбулантата така стои празна. Превозот до Кочани е по 70 денари, ама ако е само за еден е 200 денари. Скапо е, пензиите се мали, а платите се исто мали на децата. Да има како и ние старите ќе одиме во странство.“, истакнаа селаните

Она што останува како прашање за ваквата ситуација , носи одговор со кој се доведува до знаење дека со поголемото мигрирање надвор од селата, доведува до немањето лекарска амбуланта, банка или друга институција, но и самата економска ситуација која е довален доказ дека младите не само што не се во селата, туку речи си тие заминуваат и надвор од државата.

Лаура Стојанова, М-Нет