Скаменетите „баби“ во Штип, причина за називот на населбата, денес таа брои 7000 жители

Легендата за скаменетите баби во близина на Штип, кои му се спротивставиле на Сечко и затоа ги замрзнал, живее со векови, па од таму и познатиот назив Баби на штипската населба, која е во непосредна близина на градот. Нејзините почетоци датираат од далечната 1971 година и од тогаш, па до денес таа брои околу 7000 жители. Продавници, конфекција, училиште, игралиште, црква и паркови, тие имаат се и овде жителите велат дека е добро за живот.

“Баби е тоа поради тоа што има камен на километар од населбата Баби, наводно тоа биле скаменети баби и од таму потекнува името баби. Наводно голем мраз фатило, каде тие стасале точно до таму, а каде ќе се одиле не знам, до таму стигнале и таму се скаменети. Наводно паселе кози, ги фатило невереме, замрзнале и останале таму“, велат жителите

Првите куќи беа во долниот дел на населбата и не претпоставуваме дека ќе изгледа вака, велат жителите пред камерите на М-Нет телевизија и додаваат дека истата некогаш била пуста, а за некого во сеќавање и мрачна.

“Легендата е веројатно од таму, дали се кози паселе или се патувале, не знам, важното е што легендата произлегува од нив. Населба Баби постои некаде од 71 или 72 годин со првите куќи. Знам поради тоа што тогаш ги дадоа плацевите на првиот ред на куќи што се сега. Не претпоставував дека ќе изгледа вака, ова беше најстрашното место, бидејќи јас одев од село Караорман до градот на школо и нај ми е било страв кога доагав во Бабите. Немаше нисто, пусто, а зимно време ветер дува, снег, така да сега е сосема друго.“, истакнаа жителите

Задоволни и среќни се жителите бидејќи имаат добри услови, ама и овде кај младите владее новиот тренд за заминување во странство, што го додава фактот дека се намалува бројот на жители.

“Од таа гледна точка е супер. Има игралиште, а тоа е супер за децата, супер школо исто имаат, превос има постојано, градски автобус, обезбедено е со се. Младите секаде веќе бегаат, а тоа е тренд, а колку им е заработувачката тоа не знам, важно тренд е веќе таа поговорка „Да одам во Германија,“ важно прошетаат до таму, а дали спечалат нешто, не знам.“, велат жителите.

Населба Баби е една од поголемите во градот, која сама по себе има свој карактеристики. Овде се празнува празникот Св. Кирил и Методиј, каде црквата на истиоимениот празник е во тек на целосна изградба, но и празникот Св. Тројца, посветена на манастирот на излезот од населбата. Населбата е речиси опремена во целосна форма и истата пружи можност за добар живот.

Лаура Стојанова, М-Нет