
Со меко тесто и домашно сукани кори, некогаш по стар рецепт се приготвувал најубавиот зелник, кој подоцна се печел под вршник. Некогаш жените сами го меселе тестото, ги сукале корите и го подготвувале зелникот со зелка, од каде и го добил името, а потоа во се додавал и малку запржен праз, kој се распоредувал меѓу тенките, домашно сукани кори. Корите се ределе внимателно, за зелникот да биде сочен и богат, а потоа се печел до златна боја. Некогаш се печел под вршник, на начин што му давал посебен вкус и мирис, препознатлив за домашната трпеза.
Според кажувањата на постарите, младите денес го избираат полесниот пат и почесто купуваат готови кори. Порано се сукало дома, велат, а домашно суканите кори сепак се поубави и ништо не може да ги замени. Малкумина од младите ќе продолжат да ја негуваат оваа традиција и да го наследат зanaetot за сукање кори и правење зелник.
Зелникот најчесто се јадел топол, со кисело млеко или домашно сирење, а бил неизоставен дел од семејната трпеза. Не бил само јадење, туку дел од традицијата и домаќинството – се подготвувал за празници, за гости и за посебни семејни пригоди.
Ева Тушевска, М-Нет