
Силното невреме кое го зафати пробиштипскиот регион предизвика проблеми во функционирањето на ХС „Злетовица“, а поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија, отежнато е и водоснабдувањето.
Од ЈП „Исар“ – Штип информираат дека снабдувањето со вода во наредниот период може да биде отежнато или делумно прекинато, поради што упатуваат апел до граѓаните за крајно рационално користење на водата сè до нормализирање на состојбата.
„Екипите на ХС ‘Злетовица’ работат на санирање на штетите од невремето и нормализирање на водоснабдувањето“, информираат од ЈП „Исар“ – Штип.
Од претпријатието апелираат до граѓаните за разбирање и одговорно користење на расположливите количини вода во периодот додека трае санацијата.