
Најубавиот „шеќерец“ од стумичко Просениково достапен за граѓаните на пазарот во Виница. На тезгата на Софче Иванова, пченката се нуди веќе неколку пазари по ред. Иако како што вели таа тешко е за работа, макотпно и многу жешко, сепак секoјдневно се на нива и работат. Но загрижува фактот што производството се намалува од година во година, па за наредната вели ќе биде сведено речиси на минимум. Иста е ситуацијата и со ајварскиот пипер, оти високите дневни температури не оставаат можност за работа на нивите.
„Секој сака да проба на почетокот, шеќераец е. Ама тешко е, многу е жешко, макотрпна работа, секојдневно сме на полето, ама тешко. Споредбено со ланската година оваа година е многу потешко, догодина ќе биде уште потешко.“ – вели Иванова.
Некој за варење, друг за печење, секој има свој рецепт кога е во прашање пченката. Луѓето го купуваат оти се научени на квалитетот, а Софче и нејзиниот сопруг се добро познати за виничани, оти на пазарот се повеќе од 10 години.
„Засеано има многу малку, ама догодина ќе нема ни толку. Луѓето го бараат, некој го вари, некој го пече.“ – додава Иванова.
Слатката пченка, односно шеќерецот е една од најздравите летни задоволства. Постои разлика помеѓу обичната пченка и пченката шеќерец, но и двата вида содржат многу корисни материи. Шеќерецот е попогоден за „брза“ консумација поради неговата структура. Консумирањето на шеќерец може да го подобри здравјето на цревата, да го намали ризикот од срцеви заболувања, дијабетес тип 2, па дури и рак.
Лаура Стојанова, М-Нет