Арсими ги започна подготовките, костурот е задржан, ќе има неколку квалитетни засилувања

Второлигашот Арсими од Чегране ги започна подготовките за новата сезона, откако шефот на стручниот штаб Вилдан Салиу ја имаше првата прозивка и беше одработен првиот тренинг.

Како што дознава телевизија М Нет костурот на тимот е сочуван за новата сезона, а дополнително истиот ќе биде засилен со квалитетни играчи во сите линии.

Арѓен Гафури, Вулнет Ислами, Ајрадин Цуцули, Албин Рамадани, Бесарт Реџепи, Шпенд Асани, Суби Мустафа, Ардиан Беќири, Еди Абдија и Џезаир Авдули ја продолжија соработката со Арсими и за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.

Во следниот период се очекува официјална промоција и на новите засилувања, со што Арсими ќе атакува одново на висок пласман во горниот дел од табелата.

Минатата сезона Арсими заврши на високото 4. место на табелата со 51 бод и се бореше со Детонит Плачковица за третото место и баражот за Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет