
Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ вечерва на средба со граѓаните во населба Баби. Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Сашко Николов, посочи на мисијата која ја имале досега за развој и на урбаните и на руралните средини подеднакво. Додавајќи дека програмата ја креираат на ист начин, само со нови проекти.
„Конкретно, во оваа населба, во овие девет месеци реконструиравме комплетно три големи улици. Направивме рехабилитација на дополнителни четири улици. Дотеравме тротоари, го споивме тротоарното решение меѓу населбите Сењак и Баби. Дотеравме дополнителни паркови и зелени површини. Сега го средуваме и игралиштето. Тоа е еден нов проект каде што со жителите на населба Баби сме имале митинзи за време на парламентарните избори, за време на предвремените локални избори и сега. Тоа игралиште ќе добие една нова слика, едно ново лице. Ќе биде истото игралиште како што е во Гимназијата „Славчо Стојменски“, исто такво игралиште ќе направиме на местото на постоечкото игралиште во населба Баби“, истакна Николов.
Носителот на советничката листа, Александар Мишев, пак, наброја некои од проектите за оваа населба и додаде дека ќе се стремат градот да стане подобро место за живеење.
Ребека Спасова МНет