Шампион ФА нов пинг-понгарски клуб во Штип по 25 годишна пауза

По цели 25 години пауза спортски Штип конечно се врати на картата на македонскиот женски пинг – понг откако раководството на ППК „Шампион ФА“ се реши да формира и женски клуб. Според информациите од првиот човек на клубот, воедно и македонски селектор Сашко Богатинов, тренер на женскиот клуб е Зоран Димитријевски а честа да го облечат дресот на овој омилен штипски клуб ја имаат: Амелија Уце Николов (долгогодишен државен шампион), Надица В“чкова (долгогодишна репрезентативка), Изабела Ковачовска и Мила Штркова.

Веќе започна и првенството во Супер женската лига а екипата на Шампион ФА во првото коло едноствно го збриша минатогодишниот шампион Крива Паланка во чиј состав настапува српската интернационалка Чолаковиќ, победувајќи со максимален резултат од 4:0. Со оваа победа уште на стартот на новата сезона штипјанки најавуваат амбиции за највисок план а тоа е освојување и на шампионската титула на Македонија. Ова се некои нови историски моменти за спортски Штип кои сигурно ќе бидат врежани со златни букви во архивите на педантните статистичари и со кои ќе се отворат широки перспективи за уште поголем развој на пинг – понгарскиот спорт. Спортската редакција на Мнет ТВ им честита на храброста во овие вредни ентузијасти да се одважат и да го зарадуваат спортски Штип, со надеж и желба за успешна сезона и дај Боже да ја зачинат со Шампионска круна.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk