
Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кој важат за најдобри судии во Европа, но и во светскиот ракомет денес ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Германија и Полска, двете репрезентации ќе се соочат во Хернинг во Данска.
Ова е натпревар од првото коло на Мундијалот кој се игра во три држави односно во Хрватска, Данска и Норвешка.
Соочувањето меѓу Германија и Полска е дерби во групата А, дерби кое ќе привлече големо внимание на ракометната јавноста, а секако довербата да се дели правдата на ваков натпревар ја добиваат нашите најдобри судии, Начевски и Николов.
Во групата А покрај Германија и Полска се и репрезентациите на Чешка и Швајцарија, па тука ќе биде доста интересно околу тоа кои три од четири репрезентации ќе обезбедат следна фаза.
Натпреварот меѓу Германија и Полска се игра вечерва од 20:45 часот, а судиска двојка ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Македонија.
Александар Ванев, М-Нет