
Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа утрово го загуби натпреварот од второто коло од квалификациите на Австралија опен, откако Ѓорческа беше поразена од Словенката Тамара Зиданшек со 1-2 во сетови за два часа и 15 минути игра.
Ѓорческа имаше одличен почеток и првиот сет го доби со 6:4 во гемови, но потоа Зиданшек направи пресврт и стигна до 2-1 во сетови. Сетот за 1:1 Словенката го освои со 2:6 во гемови, а пак во третиот сет беше многу неизвесно. Ѓорческа имаше 1:0, а потоа и 3:1 за Зиданшек да направи 3:3. А, потоа тенисерката од Словенија стигна до конечни 5:7 и триумф со 1-2 во сетови.
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по третпат учестваше на Австралија опен во квалификациите.
Александар Ванев, М-Нет