
Денес беше комплетирано 12. коло од Третата лига – Запад, откако вчера беше отворено со два натпревари.
Најубедлива победа од 1:5 забележа некогашниот прволигаш Напредок од Кичево, кој славеше на гости кај Речица. За домашниот тим единствен стрелец беше Јакупи, а апк за гостите двојни стрелци беа Аврамовиќ и Мирчески, а пак еден гол беше дело на Симуноски.
Љуботен на домашен терен беше поразен од лидерот Влазерими Ј 1977 со сигурни 0:2. За гостите стрелци беа Аљиу и Думоски.
Дрита на домашниот терен во Боговиње со 4:2 беше подобра од Камјани. Ајдари, Рамадани и Рушити беа стрелци за домашниот тим, а пак Ајдини си постигна автогол, додека пак за гостите двата погодоци ги постигнаа Абдулаху и Берзати.