Наместо трева во Кочанската река камења и земја, граѓаните алармираат реката да се исчисти

Кмаења, земја, шут е она што може моментално да се забележи во коритото на Кочанска река. Покрај речното корито, над Плоштадот во Кочани на неколку места може да забележи како наместо трева речното корито е покриено со камења и земја. Граѓаните во Кочани велат под итно треба да се отстрани со цел да се задржи убавината на реката и градот.

„Најголем проблем е што има многу големи камења во реката. Тие големи камења треба да се отстранат, на нив да не се таложи ѓубре, разни гранки и сламки, иначе реката ни е многу убава.“

Дополнително на ова според дел од анкетираните кочанчани загадувањето на реката се должи на испуштање на канализација, но и на несовесноста на граѓаните кои фрлаат разени видови отпадови во реката.

„Ние сами не си водеме сметка за нашата животна средина, кој каде сака таму фрла и надлежните многу многу не се ангажирани“

Граѓаните со поделено мислење во врска со тоа колку надлежните се на терен и работат на одржување на чистотата во Кочанската река.

Според директорот на КЈП Водовод, Иван Иванов не станува збор за никаво загадување, туку со намалувањето на нивото на водата на реката дошло до природна појава во која останале наносите од водата. Со првиот поголем водостој на реката она што денес како нанос се гледа тогаш нема да го има, кажа Иванов.

Лаура Стојанова М-Нет