Наместо поевтинување – граѓаните сведочат на нов бран поскапувања на цените во маркетите

Наместо поевтинување – граѓаните сведочат на нов бран поскапувања на цените во маркетите. Иако од владата најавија мерки за долгорочни резултати, сепак граѓаните на терен велат дека трговците повторно мудруваат. Наместо олеснување, во маркетите според нив се прават трикови, се амалува количината, а цената дури и повисока.

,,Скапо е, а поевтинување нема, нема инспекција, може би и оправдано е, но не знаеме и ние.“, велат граѓаните

Дополнителна болка за многумина е и отсуството на најблиските. Граѓаните велат дека своите блиски ги гледаат само еднаш до два пати во годината.


Во меѓувреме, дури се воведат предвидените мерки, останува прашањето, дали пазарењето ќе стане секојдневна борба за секој денар, или конечно граѓаните ќе видат вистински чекори за нивна заштита ?

Иван Митев, М-Нет