Наместо по 33 денари, млекото во делчевско се откупува по 27 денари – сточарите надеж гледаат во новиот министер

Наместо по 33 денари, млекото во делчевско се откупува за само 27 денари, тврдат сточарите оттаму. Незадоволни се од откупната цена, која, според нив, не ги покрива ниту основните производствени трошоци. Иако откупот продолжи, велат дека неизвесноста останува бидејќи не знаат како ќе се одвива состојбата во наредниот период. Последната надеж ја гледаат во новиот министер за земјоделие, од кого очекуваат конкретни мерки за стабилизирање на откупот и подобрување на условите за домашните производители.

,,Има моментално откуп, не знам до кога и како ќе е, информација немаме никаква, натаму имаме откуп со млекото, не знам. Па околу 27 денари е моментално цената. Не е задоволителна цената, цената испод 32 денари не е задоволителна, ама чекаме да видиме нешто премиерот Мицкоски рече дека нешто ќе преземат мерки, па чекаме, а важно како со млекото имаме проблем и со јунците.“, кажа Стојовски

Последната надеж сточарите ја гледаат во новиот министер за земјоделство, Борче Серафимовски. Велат дека на неодамнешната средба со него отворено разговарале за проблемите со кои се соочуваат и дека наишле на некаков дговор, да продолжи откупот на млекото, како и да се бара решение за повисока откупна цена.

,,Имаме надеж и во новиот министер, виде ни се добар, надаме се, дека нешто ќе ни помогне, запознавме го малку. Чекаме, да видиме, моментлано состојбата е катастрофа.“, додава Стојовски

Сточарите велат дека повеќе немаат простор за чекање и дека секој ден неизвесност значи нови загуби. Очекуваат најавените разговори да донесат конкретни резултати. За нив, стабилниот откуп и реалната цена се единствениот начин да продолжат со производството. Велат дека без поддршка, се повеќе семејства ќе се откажат од сточарството. Одлуките што ќе следат во наредниот период, според нив, ќе бидат клучни за иднината на домашното производство.

Иван Митев, М-Нет