
Намалени цени на пазарот во Штип, граѓаните се подготвуваат за Задушница. Најголема побарувачка имаше на пиперот, доматите и краставиците, кои се среќаваа речиси на секоја тезга. Со намалените цени, многу од граѓаните ги купуваа овие свежи продукти не само за традиционалните обреди на задушница, туку и за подготовките за летните денови што доаѓаат.
И додека цените на зеленчукот овој петок ги привлекоа граѓаните да купуваат, сепак цените на црешата и овој петок создаде шок кај купувачие . Прифатливи само за малкумина и тие беа купувани по малку, но со голема почит – за да се постават на трпезата во чест на починатите.
Дека намалување има и ќе има согласни се и производителите. Велат задоволни се од побарувачката, особено од заинтересираноста на овошјето.
Овој петок, се продаваше и тиквичка за пржење, природни и свежи чаеви, праски, јаболка, како и дрвени производи како софри и сукалки, кои граѓаните ги купуваат за во своето домакинство.
Иван Митев, М-Нет