Намален притисокот во штипската болница, помалку ковид – хоспитализирани

Опаднат притисокот врз штипската болница. Откако пред два дена беше затворено Кожното одделение, а бројот на хоспитализирани се намалуваше секојдневно, сега веќе е опаднат и притисокот врз Инфективното одделение. Како што истакна директорот, д-р Ален Георгијев, медицинскиот персонал се враќа на своите матични одделенија, а намален е и бројот на амбулантски прегледи.

И извештајот на Центарот за јавно здравје покажува намалување од 29,2% на позитивни случаи во однос на минатата недела. Во однос на вакцинираноста, заклучно со 20.02.2022, во земјата вакцинирани се вкупно 869.763 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 848.573 лица, а со трета доза се вакцинирани 140.455 лица.

Ребека Спасова М-Нет