Над 60 ученици се отпишале од училиште во Штип, за над 5400 ученика започна второто полугодие

Грипот не го одложи второто полугодие, учениците денеска се вратија во училишните клупи. Училиштата подготвени ги отворија вратите, но и оваа година се повторува праксата на намален број ученици кои го продолжиле своето образование. На територија на Штип во основните училишта се испишале педесетина ученици, но охрабрува фактот дека има пет новозапишани ученици, од кои четири се повратници од странство.

„Имаме извесно намалување на бројот на ученици и во основните и во средните училишта, но треба да се нагласи и тоа дека има и ученици кои се запишале во училиштата, односно новодојдени. Во основното образование почетокот на учебната 2025/2026 година се запишаа вкупно 3618 ученик, но оваа бројка се намали за 50 ученика, а имаме пет новозапишани ученици.“ – вели Санева.

Во средното образование ситуацијата е малку подобра, бидејќи бројот на отпиашни ученици е помал. И овде има новодојдени во воглавно истите се ученици кои се префрлиле од едно во друго училиште.

„Во однос на средното образование ситуацијата е малку подобра. Имаме помал број на отпишани ученици. Вкупниот број на отпишани деца е 14 и бројот на ученици кои ќе го започнат второто полугодие е 1853 ученици. Најмногу ученици имаме во СОУ „Јане Сандански“ каде имаме 17 новодојдени ученици, шест има во гимназијата.“ – додава Санева.

Второто полугодие започна по тринеделниот распуст на учениците.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет