Продолжи судењето за четворицата труски државјани во Штип, одбраната очекува ослободителна пресуда

Продолжи судењето за четворицата турски државјани кои се сомничат дека помагале во извршување на кривично дело убиство на плоштадот во Штип. Денеска првоосмничениот Кадир Кара, кој впрочем го призна делото, беше во својство на сведок. Во своето обраќање истакна дека не се познавал со двајца од сега обвинетите, додека со другите двајца се знаел. На 8 мај минатата година од Скопје тргнале кон Штип за да јадат, а притоа Кадир отишол на кафе. По настанот исконтактирал со сега обвинетите лица и трганле кон Скопје, но без да им каже што се случило. Пред наплатната рампа Миладиновци се симнал од возилото и почнал да трча, но тврди дека останатите обинети не знаеле за она што се случило во кафе барот на плоштадот во Штип.

Одбраната очекува судот да донесе ослободителна пресуда.

„Имавме распит на сведоци со што го користевме и првообвинетиот во својство на сведок и јасно си кажа дека ниту имало план, ниту имало некаква организација за сторувањето на кривичното дело. Сметаме дека одбраната ќе докаже неоснованоста на обвинението врз основа на тоа што останатите обвинети се теретат и сметаме дека ќе имаме добра разрешница.“ – додава Османов.

Инаку, Кадир Кара го призна делото убиство и заработи казна затвор од 17 години. Тој на 8 мај минатата година во угостителски објект на плоштадот Слобода во Штип, со огнено оружје уби друг турски државјанин.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет