Над 50 нови паркинг места се уредени кај спортската сала Јордан Мијалков во Штип

Над 50 нови паркинг места се уредени кај спортската сала Јордан Мијалов во Штип, кои истите денеска беа целосно асфалтирани. Целта е да се овозможат повеќе паркинг места, на локација каде се одржуваат значајни спортски настани во градот.

,,Овде се задоволува конечно потребата за паркинг простори и паркирање, кога има спортски настани. По реакции на жители, по реакции на граѓани, заради тоа што сообракајницата која минува веднаш до спортскиот објект е доведена до безбедносен ризик во сообраќајот, при паркирање на возила, кога се одржува спортски манифестации, потребата е повеќе од евидентна, затоа одлучивме за еден паркинг простор во рамки на самата парцела кое е за некаде повеќе од 50 тина возила. Вкупната вредност на оваа активнсот е 1 милион денари.“, рече Јорданов

Со новите паркинг места, Јорданов е дециден дека ќе се задоволат потребите од паркинг места на граѓаните, кои доагаат при одржува на спортски манифестации на ова место.

,,Верувам дека при одржување на спортски манифестации и слично ќе се задоволи потребат од паркинг површини, секако овде нема да застанеме, затоа што за задоволување на целосната потреба на сите посетители на овој спортски објект се потребни повеќе паркинг места.”, додава Јорданов

Како што посочи Јорданов, паралелно на овие активности, се работи и на неколку позиции во градот, како на уредување на улици и тротоари, така и на паркинг позиции и парковни површини, со што промените во градот ќе бидат евидентни.

Иван Митев, М-Нет