Нафтата и нафтените деривати ќе поевтинат за два и пол денари по литар

Нафтата и нафтените деривати се очекува да се намалат за два и пол денари по литар, кажа премиерот Христијан Мицкоски во денешната изјава од Кочани. Според него, тоа би значело дека литар дизел во Македонија ќе чини 1 евро и 35 центи, во споредба со соседството, каде нафтата чини над 1 евро и 80 центи.

,,Добра вест за македонски граѓани е што приватната компанија , на останатите компании со компаниите со кои што соработуваат со нејзе, денеска ќе даде попуст од прилика 45 до 50 долари по тон, а тоа би значело намалување за некаде околу 2 ипол денари по литар. Разговарам и со голем дел од бензинските пумпи и сопственици на безнсите пумпи, кои што рекоа дека ќе го пренесат на крајните корисници. Очекувам откако ова ќе биде објавено да веќе во текот на денот за од прилика два ипол денари по литар бидат намалени нафтата и нафтените деривати, што и значело тоа во средства. Тоа би значело да речемее литар дизел кај нас ќе биде едно евро и 35 евро центи. Во соседството на пример, во Србија е над евро и 80 центи, во Албанија е евро и 80 центи, во Косово е над евро и 50,60 центи. Во Европа е над две евра, а некаде и 2,02 евра дизелот.“, вели Мицкоски

Премиерот Мицкоски од Кочани потврди дека Владата прави сѐ за подобрување на стандардот на граѓаните. Рече дека македонските граѓани ќе користат најевтина нафта и нафтени деривати и покрај тоа што сме на неколку стотици километри од воените дејствија.

,,Тоа што го кажавме, тоа и го правиме, дека македонските граѓани ќе користат најевтини нафта и нафтени деривати и покрај тоа што сме на 100 тици километри од воени дејствија, жестоки.“, додава Мицкоски

Инаку, според последните изјави на надлежните, нафта засега има и нема потреба од паника, додека дел граѓани тврдат дека на одредени бензински пумпи нема или точењето е ограничено на 1.000 денари.

Иван Митев, М-Нет