
Над 4000 садници зимзелени дрва денеска се посадија во месноста Света Недела во Штип. Активноста е на универзитетското студентско собрание, општината и ЈП Исар. Целта е да се засадат повеќе дрва и да се ублажат штетите од големите пожари кои беснееа летово. Градоначанлникот, Иван Јорданов посочи дека во иднина ваквите активности ќе бидат сѐ почести.
„Акцијата ја организиравме заедно со организацијата на универзиетскиот парламент, ЈП Исар, со цел да се подигне свеста, но и да се започне активност во насока на пошумување на градот Штип. Ова изминато лето имавме огромни штети од пожарите кои настанаа на територија на Општина Штип. Се надевам дека ваквите акции во иднина ќе бидат почести“ – посочи Јорданов.
Под мотото „Садиме дрвца денес, славиме живот утре“ се засадија багрем, јасен и црн бор.
„Вакви акции и настани ќе следуваат и во иднина. Денеска ќе бидат насадени 4000 садници на настанот „Садиме дрвца денеска, славиме живот утре“. – вели Гацова.
Освен засадување на дрвца, се работи и на хортикулутрно уредување на градот, со цел Штип да биде подобро место за живеење за сите граѓани.
„Освен тековните работни активности кои ЈП Исар ги спроведуува периодов ќе има интезивно хортикултурно уредување на градот.“ – вели Арсовски.
Во оваа прилика Јорданов упати апел до сите граѓани да се чува она што се создава, додавајќи дека сечењето и кражбата на дрва ќе бидат соодветно санкционирани од надлежните органи.
Лаура Стојанова М-Нет