Голем интерес за трите јавни повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, минатата недела пристигнати над 2.800 апликации, информираат од Министерството за економија.
Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денес се одржуваат во Ресен, Охрид и Кичево, каде заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик-директорката на Агенцијата за вработување и претставници од Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА пред присутните ги презентираа деталите за планот, како и за активните јавни повици од мерката „Самовработување со грант“.
За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.
Мерката „Самовработување – Претприемништво“ е поделена на 3 под мерки, каде за лицата до 29 години е предвиден грант до 10.000 евра, за лицата над 29 години до 7.000 евра, додека преку здружување во ДОО од 14.000 до 20.000 евра.
Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства.
„Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.
Јавните повици траат до 3 јули 2026 година“.
Текстот Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, денес инфо-денови во Ресен, Охрид и Кичево е превземен од МАКФАКС.