Над 100 социјалнисемејства добија пакет со намирници за бадниковата трпеза во Штип

Пакети со намирници потребни за бадниковата вечер добија над 100 семејства од социјален во Општина Штип. Градоначалникот, Иван Јорданов гиподели пакетите на преставници на месните заедници кои понатаму ќе ги достават истите до семејствата на кои им е најпотребно. Акцијата под мотото „Сите заедно, за среќни божиќни празници“ се реализира трета година по ред во соработка со општествено одговорни компании во Штип.

Во оваа прилика Јорданов истакна дека ваквата пракса треба да се негува и во иднина и поголем број на граѓани и општествени компани ќе се вклучат во хуманта акција. Пакетите за Бадниковата вечер на семејствата им бидат доделени, а во нив има основни прехрамбени производи за трпезата на Бадник.

Лаура Стојанова М-Нет