Наглите временски промени се одраз врз расположението кај граѓаните

Еден ден тмурно, друг ден соце, трет ден магла. Како што се променува времето, така се менува и емоционалното чувство кај граѓаните. Дека тоа влијае врз нивното расположение, согласни беа тие пред камерите на М-Нет, но сепак децидни дека треба мислата да се контролира. Велат дека единствено што не можат да контролираат е здравствената ситуација, која и те како реагира на наглите промени.

Секојдневната рутинска активност и упатување на мислата само кон достигнување на целите е рецептот за здрава мисла, поинаку депресијата е на прагот, додаваат анкетираните.

Со промената на времето се променува расположението кај луѓето.

Убавото време влијае позитивно и дава поголем мотив за работа – заклучува истражувањето, иако барем во тоа малкумина се сомневаат било каде во светот.Лекарите уверуваат дека научно е докажано влијанието на временските промени врз расположението и врз здравјето на луѓето.

Лаура Стојанова, М-Нет