Вардар Неготино во понеделник ги стартува подготовките, договорени пет теста!

Вардар Неготино в понеделник ќе ги започне подготовките за пролетната полусезона во Втората лига, кога кормиларот Горан Тодорчев на Градскиот стадион во Неготино ќе го собере тимот и ќе означи старт на подготовките.

Вардар Неготино во пролетниот дел оди со една цел – ран опстанок во Втората лига, откако есенскиот дел го заврши на 13. место со 14 бодови на своето конто.

Договорени се пет пријателски натпревари преку кои тимот на Тодорчев ќе ја проверува формата. Ќе има тестирање со Беласица, Кожуф, Тиквеш, Слога Виница и Победа од Прилеп.

Вардар Неготино пролетниот дел го отвара дома против кочански Осогово, меч кој ќе биде вистинско мерило за амбициите и на двете екипи.

Александар Ванев, М-Нет