На средината од месецот поголем дел од пензиите потрошени, штипјани ги заменија килограмите во грамови

На средината од месецот, а речиси поголем дел од пензиите се потрошени. Анкетираните штипјани за М-нет телевизија велат дека ова е само трошокот за основните потреби, бидејќи како што истакнаа тие не одат во кафеана, одмор и бања, па заклучно месечните терапии, домашните трошоци и храната, немаат просор ниту нешто да заштедат.

“Сега жена ми ме праќа и вели пази колку ќе зимаш и што ќе зимаш за да прекараме до први. Сега одеш во продавницата сувомесно по 200 грама, 300, не можеш кило да земеш, нема шанса.“, велат граѓаните

“Со оваа пензија средно, ако се опуштиш нема пари.“, додаваат граѓаните

Друг дел велат дека подобро е кога во едно семјество влегуваат две пензии, затоа што така тие имаа простор да си дозволат и нешто повеќе.

Во согласност со ситуацијата, премиерот Мицкоски измантиот месец на сите пензионери ги зголеми пензиите во износ од 2,500 денари, а додатно како што истака тој пензиите ќе се покачуваат и во март следната година за исто толку, па ова ќе овозможи дополни можности.

Лаура Стојанова, М-Нет