
Врнежлив и студен ден на пазарот во Штип. Но, ваквата стиуација не ги спречи граѓаните, за да излезат и да ги наполнат своите торби. Цените како и останиот петок се исти, но единствено повисока е цената на празот и зелката, велат продавачите. Како што велат тие Господ повеќе не дава дожд, па затоа е отежнато самото производство.
“Цените се исти, значи старите цени што беа пак се истите. Народот иако се лути за компирот, ама тоа што е сега моментално е бидејќи нема роба и може да има поскапување. Еве на празот, на зелката има посакпување, затоа што е оскудација, нема.”, велат производителите
За купувачите, цените се како и претходниот петок, за некого скапи, за други пристапни, но заклучно сите велат дека потребно е да се води и есап.
“Па скапо да ви кажам, превише. Зелкичка, марула, ама скапо е огин.“, велат граѓаните
“Зависи за што, на некој артикли им одговара цената. На пример јас сега зедов краставички по 50 денари, јаболка исто 50, црвен пипер 70.“, додаваат граѓаните
“Нешто скапо, а нешто ефтино, зависи. Има пипер за 60, 70, краставиците 50.“, изјавија граѓаните
Инаку, овој петок побарувачка како и вообичаено имаше на зеленчукот и тоа најмногу на празот и зелката, кој исто така беа поскапени заради сушната година и слабото производство.