
Со загриженост и одбивност реагираат штипјани за Светскиот ден на трансродните лица. Според повозрасните штипјани транстродните лица се генерацииска појава, која според нив може да предизвика големи проблеми. Децидни се тие дека во нивно време не постоеле вакви лица и дека денеска истите тоа го прават поради тоа што им е овозможено се и се чудат што да измислат. Мнозинството сметаат дека она што им го дал Господ треба да си го задржат и да не бараат како што вели народната преку леб погача.
„Не е во ред тоа. Не салам речено, просто. Не е било тоа никогаш и сега такви појави, не слушнати, не видени. Не го оправдувам, не дозволувам. Никогаш не е било, во мој годими, во мое време тоа не е било. Што е створено, така ќе биде, не може, тие преку лебот и погача тражат. Тоа е од узур, најадени, напиени, не знат што да работат. Што ти даде Господ, тоа е. Ние имаме други сфаќања, младите имаат други сфаќања.
„Тие не се здрави.“
Штипјани додаваат дека не можат да ги разберат трансродните лица и дека доколку се најдат во ситуација некој близок да им каже дека се чувствува како обратниот пол, тие нема никако да го прифатат.
„Не се согласувам јас со тоа, не, не, тоа не е правилно, нема логика. Секогаш е така, но тие што сакаат да си го променат поло, тоа не е во ред за мене. Нема сила да го прифатам.“
„Ако сакал Господ да даде, ќе даде.“
Кај нашите сограѓани сеуште доминираат традиционалните ставови и оваа тема буди сили реакции. Меѓутоа, граѓаните сметаат дека нивните ставови се должат на тоа дека тие се израснати со различни ставови и гледишта, а младината со други.
Иван Митев, М-Нет