На прес денеска стопанственици од Истокот побараа да се стави крај на криминалот во судството

Пет сопственици на поголеми фирми од Истокот денеска на прес конернција излегоа со низа барања до Републичкиот Судски совет, но и најави дека ќе иницираат средба со Претседателот на Владата Зораб Заев, Вице премиерот задолжен за борба против корупција Љупчо Николовски и Министерот за првда Бојан Маричиќ. Според нив дел од судиите кои постапувале во одделни случаи постапувале нестручно и несовесно.

„Ако поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за земање поткуп од само 50 илјади евра е казнета со казна затвор од седум години тогаш надлежниот државен Јавен обвинител мора да побара одговорност и за ваквите кривични дела за злоупотреба на судската функција и моќ кои во основа ја поткупуваат правната сигурност во државата“ – истакна Ристе Љуботенски.

Според нив минимум 15 дела треба да бидат ставени на повторно разгледување на постапката бидејќи се работи за голема сума на пари.

Со денешната инцијатива сопствениците бараат да се поведе постпка која ќе служи како доказен материјал за понатамоните судиски процеси.

На денешната прес конференција истакнаа дека имаат поддршка и од други стопанственици кои од оправдани причини не беа дел од истата.

Лаура Стојанова М-Нет