На големо се слави Свети Василиј Велики во Штип, црквите полни, традицијата живее

На големо се слави Свети Василиј Велики во Штип, црквите со отворени капии, верниот народ со силна молитва пред неговата икона, посакувајќи здравје, среќа и мир. Свети Василиј е огнен столб на Црквата, еден од трите носечки столбови на учењето на Црквата, заедно со светите Григориј Богослов и Јован Златоуст. Називот Велики малкумина го добиваат во Црквата, а свети Василиј е еден од тие ретки што го добиле овој епитет поради неговиот свет и восфалуван живот. Колку свети Василиј се празнува и денес?

Инаку, празникот менува ден, никогаш датум. Секогаш се празнува на 14 јануари, празник кој според верувањето има голема сила за изгонување на нечистивиот и за вн есување мир и љубов во семејството.

Иван Митев, М-Нет