
На 24 И 25 декември ќе се реалиизра традиционалниот новгодишен концерт на ДМУЦ Сергеј Михајлов Штип. Во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип граѓаните ќе имаат можност да уживаат во термините од 17 и 20 часот. Последните подготовки се завршени, а на концерот ќе учествуваат над 250 ученика и професори.
„Одлучивме да ги испочитуваме сите наши колеги и тие ќе земат учество во оркестарот. Но, имамме и една убава информација дека ќе настапат нашите колеги Петар Трабуевиќ и Елена Ефремова.“ – вели Ќосевски.
Од понеделник картите ќе бидат пуштени во продажба, а моментално може само да се резервираат. Цената е 250 денари, а средствата кои ќе се соберат се инвестираат во училиштето. Годинава има голема поддржувачи.
„Картите се по цена од 250 денари и се во продажба односно во резервација. За 25 две третини од картите веќе се резервирани, така да оние кои сакаат да присуствуваат навремено да си закажат карта“ – додава Ќосевски.
Традиционалниот новогодишен коцерт на музичкото училиште во Штип се организира 13 пат по ред. И годинава се очекува добра забава, многу мелодии и пред се полна сала.
Лаура Стојанова М-Нет