Со нова мерка од Влада се решава откупот на ориз, оризарите од кочанско задоволни од истата

Решен откупот на ориз! Премиерот Христијан Миицкоски на својот фејсбук профил утринава напиша дека е пронајдено решене за откупот на ориз.

„По интензивните средби кои ги имавме заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски периодов се пронајде решение за откупот на оризопроизводителите.

Се донесе одлука дополнително да се поддржи откупот со по 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз. Плус на ова оризопроизводителите ќе ги добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година.

Ова е конкретна и многу добредојдена поддршка за земјоделците. На овој начин ги решаваме проблемите и се бориме за подобар стандард на сите!“ – напиша тој на неговиот фејсбук профил.

Меркара е одлична според оризопроизводителите од кочанскиот регион. Велат ако се спроведе ќе биде добро и за нив и за откупувачите.

„Идеална е мерката и за откупувачите и за оризопроизводителите. Субвенциите првпат ќе се исплаќаат календарски за тековната година. Мерката е перфектна меѓутоа како ќе се спроведе, како ќе тече откупот тоа ќе го кажат откупувачите.“ – вели Арсов.

Во меѓувреме во амбарите стои половина од произведениот ориз од оваа година. Токму затоа потрребна е брза реакција од страна ан откупувачите за да се откупи оризот.

Оризарите од кочанскои изминатите денови посочија дека доколку не се откупи оризот тие ќе останат без пари. Токму затоа под знак прашалник го ставаа и производството на бело злато за наредната година.

Лаура Стојанова М-Нет