Муслиманските верници го празнуваат Курбан Бајрам

Денеска граѓаните од исламска вероисповед го празнуваат Курбан Бајрам голем исламски празник така наречениот празник на жртвата. Курбан има симболика на приближување кон Бога, а оние кои принеле жртва го раздаваат месото на сиромашните. Празников се одбележува и како симбол на предавањето на верниците на Алах.

„Во текот на Курбан Бајрам муслиманите ги посетуваат своите најблиски, своите пријатели и родители. А со самото тоа се надминуваат и бариерите помеѓу нив.“ Изјавува Насир Еф.Реџепи- Муфтија

Самиот празник претставува радост со актот на колење курбан и со тоа верникот покажува покорност во еден Бог со Бајрам намаз.

„Станува збор за Бајрам намаз кој се одвива 45 минути од како ќе изгрее сонцето од првиот ден на Бајрамот. Претставува една кратка молитва која се извршува во џамии или во простории каде може да се собираат поголем број на луѓе.“ Изјавува, Насир Еф.Реџепи- Муфтија

Секое семејство ги почитува и извршува обичаите. Колењето курбан за бајрам за муслиманите претставува израз за мир и братство, доказ за солидарност и благосостојба. Муслиманите го одбележуваат празникот три дена.

Надица Стојковска/ М Нет